Горска Служба за Спасување Македонија
национална, доброволна, професионална,
хуманитарна и невладина организација од јавен интерес
Кои сме ние?
ГОРСКА СЛУЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Горска служба за спасување Македонија е национална, доброволна, професионална, хуманитарна и невладина организација од јавен интерес чии основни цели се спречување на несреќи, спасување и прва помош во планините и другите недостапни области, и во вонредни околности во кои треба да се примени посебно стручно знаење и помош експертиза и користење техничка опрема за спасување на планините со цел зачувување на човековиот живот, здравјето и имотот.
Цели
Овозможуваме ваши авантури со структурирана подготовка, беспрекорна мобилност и брза ефикасност за максимална безбедност и самодоверба
Ефикасност
Мобилноста на горската служба е изразена преку високо мотивирани и професионални постапки при давање помош и спасување на оние на кои им е најнеопходна, хуманост и племенитост при сите услови. Отвореност, љубезност, соработка и партнерство при работата.
Мобилност
Горска служба за спасување ја сочинуваат граѓани кои доброволно вршат активности за заштита и спасување на луѓе и материјални добра, при вонредни ситуации. Секогаш присутна и кога на останатите служби за спасување им е потребна помош на непристапни, тешко пристапни и урбани средини.
Организираност
Горската служба се стреми кон современата и ефикасна служба за спасување и давање помош онаму каде што е потребно. Отворена кон заедницата, со развиен организациски, кадровски и технички потенцијал, кој гарантира ефикасно давање помош и спасување како и создавање на подобри услови за живот и работа на населението.
Совети
Бидете безбедни, бидете подготвени – експертски совети за секоја авантурa
Скијање
Врз темел на долгогодишното искуство со скиењето и искуството што го имаме со акциите за спасување на истиот терен, Ви поклонуваме неколку совети кои што веруваме дека многу ќе ви помогнат.
Планинарење
Ќе ви презентираме неколку совети од наши искусни планинари за кои сме сигурни дека евентално ќе ви притребаат. Во секој случај предлагаме завршување на алпинистичка школа.
Спелеологија
Спелеологијата е убава, но и опаснo хоби кое може да донесе до разни несакани незгоди. Ве советуваме да завршите спелеолошки курс пред да се одлучите за едно вакво доживување.
Искачување врв
За високи планини ги сметаме подрачјата кои се со 3500м надморска височина. Зошто оваа граница? Затоа што на оваа височина (или пак, 3500м+) некои луѓе не можат нормално да функционираат.
Боулдеринг
Завршен спортско-алпинистички курс за искачување по карпи е она што ние го препорачуваме. Но сепак, можете да учите и од некоја поискусна група на луѓе со долгогодишно искуство за качување по карпи.
Нуркање
Пред самото нуркање, треба да се направи добра припрема на опремата и да се истражат сите потенцијални инциденти. Најважен е добриот тренинг и искуство за сите ситуации во отворени води.
Ски-Тури
Основни предуслови за безбедно скијање, се добра физичка подготвеност, знаење и искуство во скијање, исто така добро е да се заврши скијачко или алпско училиште за скијање во алпинистичко друштво.
Во случај на несреќа
Во случај на несреќа, најпрво, најдобро е да останете смирени и присебни, така што подобро ќе си помогнете и себе и на другите околу вас.
Имаш љубов и сакаш да помагаш?
ПРИКЛУЧИ СЕ НА ГОРСКА СЛУЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ