Ќе ви презентираме неколку совети од наши искусни планинари за кои сме сигурни дека евентално ќе ви притребаат. Во секој случај предлагаме завршување на алпинистичка школа.
- Не одете сами на планина, доколку сте со група – не се разделувајте од групата.
- Информирајте го семејството за вашата насока на движење и времето на враќање и држете се до тоа.
- Пријавете се во книгата за посетители во планинските колиби.
- Прашајте и внимавајте на советите од искусните планинари.
- Сметајте на можни временски промени, имате резервна топла облека, капа и заштити од дожд и ветер со вас.
- Секогаш носете пакетче за прва помош.
- Секогаш користете GPS или GPS локатор, за испраќање на координатите од местото каде што се наоѓате на другите членови од групата (доколку сте во незгода).
- Држете се до означените патокази за движење.
- Облечете цврсти и удобни чевли со гумен ѓон на нозете.
- Не одете на повисоките планински ридови доколку сте без поискусни планинари во групата.
- После обилни врнежи од снег, не се искачувајте на повисоките планини.
- Водете евиденција за временските прогнози за снежните услови и ризиците од лавина.