Токму сега работиме на проблемот и веќе успеавме барем формално да ја реактивираме службата што престана со работа во деведесеттите години од минатиот век. Работата оди доста бавно, бидејќи станува збор за деликатна организација од која зависат човечки животи, вели Киро Ангелески, новоназначениот претседател на горската служба за спасување Безбедноста на планините сериозно ќе се зголеми со функционирањето на службата, велат експертите ПО НИЗАТА АПЕЛИ НА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПРИРОДАТА Не е доволно да се има само убави планини што ќе привлекуваат туристи и планинари туку мора да постои и професионална спасувачка служба што ќе се грижи за безбедноста и за здравјето на посетителите. Кај нас, освен спасувачките екипи на армијата на Република Македонија, МВР, Црвениот крст и на едно здружение на граѓани што дејствуваат само во кризни моменти, класична горска служба за спасување, како што ја нарекуваат секаде во светот, нема, тврдат планинарите и љубителите на планините.