По 5 интензивни и плодни дена во Банско и Пирин, можеме да се пофалиме со успешно спроведенa обука за техники на качување, планинарење и спасување на планина и висини- спроведено од страна на колегите од Училиште за алпинизам и искачување во Р.Бугарија

Голема Благодарност до стручниот алпинистички тим кој спроведе оваа обука, за безрезервната поддршка и стручност на вежбите. Оваа активност е дел од проектот “Набавка на медицинска и ХТЗ опрема, обука за нејзино користење и зголемување на квалификациите за спасување на планинарски терен” за “Горска служба за спасување Томе Ристев Битола”. Благодарност и кон министерството за надворешни работи на Р.Бугарија за овозможување и реализација на овој проект кој е во тек.