Екипата за спасување од Битола, “Горска служба“ веќе е во Албанија и помага на настраданите во силниот земјотрес во кој имаше голем број на жртви и направи големи штети.
-Општинската организација на ДУИ во Битола со помош и соработка со фирмата “Сабина“ од Битола овозможија група од пет лица од екипата за спасување “Горска служба“ од Битола да заминат за соседна Албанија каде ќе помагаат на настраданите од земјотресот, потврди претседателот на битолскиот огранок на ДУИ, Љутви Ахмети.Помошта според Ахмети, подразбира финансии за превозот, сместувањето и храната на тимот кој ќе помага на локации каде што се случи катастрофалниот земјотрес во вторникот во Албанија.