Categories
Новости

Горска служба на Македонија, Сезона

На официјалниот крај на скијачката сезона ГОРСКА СЛУЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ-МАКЕДОНИЈА со задоволство ви прикажува дел од своите секојдневни активности на стазата на ски центарот Копанки,на која беа ангажирани околу 20-тина спасители кои дадоа се од себе да помогнат на повредените како и со превентивни мерки да спречат евентуални повреди.Во оваа прилика ги известуваме љубителите на планината и планинскиот туризам дека ГСС во моментот работи на проекти со кој во иднина ќе можеме да гарантираме висок процент на безбедност на планина како и брз и ефикасен пристап до повредените кога тоа ќе е потребно.Исто така во тек е формирање на станици на ГСС во сите градови во РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА со што значително ќе допринесеме во заштитата на здравјето,животот и имотот на граѓаните
Остануваме и понатаму во служба на сите граѓани на РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА