Categories
Новости

Потпишан договор за донација со Република Бугарија

На ден 21.12.2022 Среда, во просториите на Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола,потпишан е договор за финансиска поддршка.Средствата ќе бидат наменети за обучување на новите волонтери во службата од страна на лиценцирани бугарски школи по алпинизам,искачување и спасување.

Акцент на обуките ќе биде ставен на стекнување со професионално знаење и техники за спасување на лица од висински предели. Остатокот од набавката ќе биде за опрема за следење од брендот GARMIN која значително ќе ја олесни постапката на пребарување на претходно маркирани лица во непристапни планински предели.

Имено уредите ќе имаат дигитални и топографски мапи за пределот кој се истражува покажувајќи ја точната локација на лицата преку GPRS приемник и сателит. Теренско возило од затворен тип со голем капацитет кој ќе овозможи излезеност на поголем број на спасители на акција со можност да се изнесе севкупната спасувачка опрема на терен.

Со ова Горска служба за спасување Македонија – GSSMK ќе биде многу поефикасна, побрза и попрофесионална во извршувањето на своите задачи. Огромна благодарност на Генералниот Конзулат на Република Бугарија во Битола,особено на генералниот Конзул г-дин Димитар Иванов.