Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој обезбеди 1,2 милиони денари за опремување на Горско спасителната служба на Пелистер.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски рече дека со овие средства ќе се набави опрема за спасување на сите посетители, туристи, љубители на планината. Безбедноста на планините е важна за развој на туризмот, вели тој.