Categories
Новости

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ГОРСКА СЛУЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ И ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА02.11.2020Денес, во работниот кабинет на градоначалникот беше реализирана работна средба на која се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Општина Демир Хисар, претставувана од градоначалникот Стојановски и „ГОРСКА СЛУЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ“ претставувана од претседателот Томче Ристев.Меморандумот е документ на взаемна доверба и разбирање кој се заснова на соработка на полето на едукација за заштитата и превенција на населението од пожари и други елементарни непогоди, како и спасување од планина и претрага во планина, спасување на вода и заштита на водите.Во заедничка координација помеѓу двата субјекти ќе се одвиваат облиците на соработка преку спроведување на заеднички активности по претходен договор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *