Денес, во кабинетот на градоначалникот беше реализирана работна средба на која се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Општина Могила, претставувана од градоначалникот Јасмина Гулевска и „ГОРСКА СЛУЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ“ од Битола, претставувана од претседателот Томче Ристев.Меморандумот е документ на взаемна доверба и разбирање кој се заснова на соработка на полето на едукација за заштитата и превенција на населението од пожари,поплави,земјотреси и други елементарни непогоди, како и заштита и спасување на животот и имотот на граѓаните на Општина Могила