Деннес околу 9 часот добивме повик од градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска – градоначалник на општина Могила за помош на лице кое со возило излетало од патот и пропаднало во длабока вода покрај патот Могила-Битола.Веднаш е ангажиран тимот за спасување со нуркачи при Горска служба за спасување Македонија – GSSMK кој за кратко време успеа да го извлечи возилото од водата.