Во рамките на проектот: „Зајакнување на техничките капацитети на Горска Служба за спасување во функција на обезбедување на поголема безбедност на Баба Планина“ финансиран од Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој, ИТ компанијата Традиебот- ЕУ од Битола изработи апликација за тренинг во виртуелна реалност, каде спасувачката служба се обучува за спасување на повреден во две сценарија и тоа: спасување на повреден на пристапен и непристапен терен.
Проектот се реализираше во три фази и тоа:
I ФАЗА- Првата фаза е подготвителна фаза на едукација и подготовка на спасувачката служба.
II ФАЗА- Втората фаза се однесува на набавка на потребната опрема за спасувачката служба.
III ФАЗА- Третата фаза вклучува ставање во употреба и промоција на опремата и спасувачката служба;
Во рамките на проектот се набавени и гасеници за АТВ мотор.
Исто така набавена е опрема за спасување на планински терен и височини, вклучувајки соодветна целосна облека за спасувачите, специјални чизми, нараквици, ранци, челни ламби, и појаси за спасување.
Горската служба работи за јавно добро, со цел да се спречат несреќи, спасување и прва помош во планините и другите недостапни области, како и во вонредни услови во кои треба да се примени посебно стручно знаење и помош, со цел да се зачува човечкиот живот и здравјето на луѓето.